Турски инженери ќе произведуваат електрична енергија од гасовите на кравите

47

kravi

Тројца турски инженери развија систем што произведува електрична енергија од гасовите на крави. Целта на инженерите е да им помогнат на фармерите да добијат дополнителен приход од овој извор на енергија, што ќе се произведува во околу 4.000 штали, пишува Хуријет.

“Нашиот проект се заснова на собирање и декомпресија на гасовивите од кравите за производство на енергија. Кравите произведуваат повеќе гасови за разлика од другите животни поради нивниот цревен систем. На пример, луѓето ’произведуваат’ 0,5 литри бензин на ден, но една крава е во состојба да ’произведе’ и до 580 литри бензин“, вели Шафак Каратепе, дел од тимот на инженери.

Јалчин Озтурк, Мерт Чакман и Каратепе се од Универзитетот за технолошки науки во Истанбул. Тие се дел од проектот BioCower, со цел да им помогнат на фармерите, кои во шталите имаат над 100 крави, да го искористат овој обновлив извор на енергија.

Идејата на инженерите доаѓа од информациите за експлозија на гасови во една штала во Германија, предизвикана поради несоодветна венталација.