Турски компании се здружија за да направат респиратор

52

Прототипот на првиот респиратор произведен во Турција е подготвен, објави компанијата Baykar, најголемиот производител на беспилотни летала во земјата.

Респираторот е дизајниран од турската технолошка компанија BIOSYS и беше произведен со поддршка на Baykar, компанијата за производство на домашни апарати Arçelik и гигантот Aselsan, соопшти Селчук Бајрактар, директор во Baykar.

Baykar нарача 250 респиратори од BIOSYS во обид да започне масовно производство и да му помогне на здравствениот систем на Турција.

Респираторите ќе бидат донирани на турското Министерство за здравство за употреба во болници кои се грижат за пациенти со Ковид-19.

Ако се докажат како ефикасни овие респиратори би можеле да бидат и надеж за некои земји кои се соочуваат со недостаток на овие уреди.
Фото: Pixabay