Турската компанија за обувки и додатоци Greyder, продолжува со проширување и планира да отвори шест нови продавници до крајот на годината.
Како што објави порталот Retailsee, Greyder ќе отвори нови продавници во трговски центри што сè уште не се изградени – Приштина мол во Косово (отворањето се планира во 2022 година) и Ист Гејт мол во Скопје (отворање во септември).
Брендот, познат по водоотпорни обувки, има 91 продавница во Турција и уште 30 објекти во 19 земји.
Бурак Есис, меѓународен менаџер за развој на продажбата на Greyder, потврди дека компанијата е во разговори со нови партнери во Албанија и Црна Гора за отворање нови продавници во првиот квартал на 2022 година.
Greyder бара партнери за франшиза и дистрибутери на нови пазари и експанзија во нови земји каде што е веќе присутна, вклучително и Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Србија, Естонија, Финска, Словенија, Словачка и Шведска.
Годишно компанијата произведува два милиона пара чевли, а вработува вкупно 1.400 лица.
Фото: Pixabay