Турски Пегасус ќе купи 200 авиони од Боинг за 36 милијарди долари

Турската авиокомпанија Пегасус планира да купи 200 авиони Боинг 737 макс 10.
За најголемото купување во својата историја, авиокомпанијата ќе плати околу 36 милијарди долари (34,75 милијарди евра), пренесува француската новинска агенција АФП.

Како што информираат од нискобуџетната компанија, тие најпрво се обврзале на купување на 100 авиони, кои треба да ја добијат флотата во 2028 година. Договорот вклучува опција за купување на дополнителни 100 авиони, со кои Pegasus сака да ја зајакне услугата. Според извршната директорка на авиокомпанијата, Гулиз Озтурк, можноста за купување дополнителни авиони ќе се искористи во наредните години.

„Пегасус ерлајнс“ е основана во 1990 година, има 109 меѓународни врски во 53 земји и лета до 35 дестинации во Турција, наведува АФП.