Фото: Pixabay
Телевизиските серии и филмови во Турција би требало повеќе да го користат мебел што се произведува во земјата и да се интензивира соработката меѓу двете индустрии, пишува Хуријет.
“Соработката меѓу индустријата за телевизиски серии и филмови и индустријата за мебел, ќе го зголеми извозот уште повеќе“, вели Бендеви Палндокен, претседател на Конфедерацијата на трговци и занаетчии на Турција.
Над 100 турски телевизиски серии се произведуваат во оваа земја, а истите се извезуваат во повеќе од 156 земји во светот. Исто така, мебелот што се произведува во Турција се извезува во 179 земји ширум светот.