Турски TAV оператор на уште еден аеродром во Саудиска Арабија

27

tav-airports

Фото: Tavhavalimanlari.com.tr

Турскиот аеродромски оператор TAV во следните 30 години ќе биде оператор на националниот аеродром Yanbu Prince Abdul Mohsin bin Abdulaziz во Саудиска Арабија, пишува Хуријет.

“Многу ни е драго што постигнавме договор со GACA (Civil aviation authority of Saudi Arabia) за проширување и управување со аеродромот Јанбу, лоциран во западниот дел на земјата. Овој град е важен индустриски центар, во којшто се сместени нафтени рафинерии и второто најфреквентно пристаниште во светот. Исто така, местото има и сериозен туристички потенцијал, благодарение на подводните богатства… Ние ќе се обидеме да бидеме вистински претставници на земјата и да го реализираме потенцијалот на овој аеродром“, изјави Сани Шенер, претседател и главен извршен директор на TAV Airports.

Задачата на TAV ќе биде изградба на нов терминал и оперативно работење на аеродромот во следните 30 години. Аеродромот е лоциран во близина на Црвеното море, а градот Јанбу во Саудиска Арабија важи за голем индустриски и пристаништен град. Ова е втор аеродром во Саудиска Арабија, чиј оператор е TAV, додека првиот е аеродромот во Медина.