Турски тек од следната година ќе ги снабдува со гас Бугарија, Србија, БиХ и Унгарија

108

Првиот човек на Србијагас, Душан Бајатовиќ, изјави дека гасоводот Турски тек ќе биде подготвен до крајот на годината да ги покрие потребите на Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

“Турски тек ќе биде завршен најдоцна до крајот на годината и со тоа ќе може да се снабдуваат Бугарија, Србија, БиХ и многу брзо да се покријат и дел од потребите на Унгарија, така што нема да има проблеми во снабдувањето со гас за Србија. Во таа смисла, не очекуваме никакви проблеми во снабдувањето, и што е најважно, цената на гасот ќе биде слична на сегашната доколку нема значителни нарушувања на цената на нафтата“, објасни шефот на Србијагас, Душан Бајатовиќ.

Тој објаснува дека за да има сигурно и редовно снабдување со гас, Србија развива и алтернативно сценарио од правец на Баумгартен, најголемиот објект за складирање на гас во Европа, до кој гасот доаѓа преку гасоводот Северен тек.

До почетокот на транзитот низ Бугарија, во Србија ќе бидат поставени четири станици за мерење на гасот и компресорска станица. Станува збор за станици за прием на гас од правец на Бугарија, чија минимална потрошувачка е 8,4 милиони кубни метри гас дневно, како и уште три станици за одделување од системот за транспорт на гас, чија проектирана потрошувачка е од два до 4,6 милиони кубни метри гас на ден.

Фото: Freepik