Турски Yıldız Holding продава 21% од акциите на Ülker Bisküvi за 71,8 милиони долари

20

ulker

Турскиот прехранбен конгломерат Yıldız Holding одлучи да продаде 21% од акциите на најголемиот нејзин производител на бисквити и колачи, Ülker Bisküvi, во вредност од 71,8 милиони долари, пишува Хуријет.

“Yıldız Holding ќе биде индиректен сопственик на акциите на Ülker Bisküvi, преку компанијата Pladis“, велат од компанијата. Овој турски холдинг сега располага со 49,9% од акциите на Ülker.

Водечката кондиторска компанија направи реорганизација на глобалните брендови De Met’s, Godiva, United Biscuits и Ülker Bisküvi под капата на компанијата Pladis, којашто оствари приход од 5,2 милијарди долари и 26.000 вработувања во текот на оваа година.

Yıldız Holding е трета по големина компанија во кондиторската индустрија во светски рамки, откако ја купи британската компанија United Biscuits во 2014 година.