Турски Yıldız Holding продава 30% од акциите на Ülker Bisküvi

272

gizi-ulker-facebook

Фото: Facebook

Турскиот прехранбен гигант Yıldız Holding продава 30% акции од нејзиниот производител на бисквити и колачи, Ülker Bisküvi, на компанијата Pladis, пишува Хуријет.

“Структуирањето на нашиот бизнис за грицки под ‘капата’ на Pladis Foods Unit (што е 100% во сопственост на Yıldız Holding) е завршено“, велат од компанијата.

Yıldız Holding во декември 2016 година продаде 21% од акциите Ülker Bisküvi. Со најновата продажба, Pladis поседува 51% од акциите на познатиот бренд за бисквити и колачи.

Продажбата на овие акции, како што се наведува, нема да ја промената моќта на Yıldız Holding, бидејќи уделот во Ülker и понатаму останува во рамки на холдингот.