Турскиот извоз на Балканот годинава достигна 17,28 милијарди долари

44

Турскиот извоз на Балканот во 10-те месеци од годинава е зголемен за 21,8 отсто во однос на истиот период минатата година и достигна 17,28 милијарди долари. Најголем извоз е остварен во Романија (5,2 милијарди долари), додека најголем пораст на извозот во однос на истиот период минатата година е забележан кон Црна Гора.

Според податоците што ги собра Агенција Анадолија (АА) од Собранието на турски извозници (ТИМ), за 10-те месеци од оваа година кон балканските земји е остварен извоз од 17 милијарди и 286 милиони долари, меѓу кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период минатата година таа бројка беше на ниво од 14 милијарди и 188 милиони долари, па извозот на Балканот во однос на мината година е зголемен за 21,8 отсто.

Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (5,22 милијарди долари), потоа во Бугарија (3,76 милијарди долари), Грција (2,38 милијарди долари), Србија (1,43 милијарди долари) и во Словенија (1,36 милиони долари).

Во останатите земји од регионот извозот беше помал од една милијарда долари – во Албанија (836,63 милиони долари), Босна и Херцеговина (602,47 милиони долари), Северна Македонија (537,75 милиони долари), Косово (520,38 милиони долари), Хрватска (482,64 милиони долари) и во Црна Гора (128,12 милиони долари).