Турскиот регулатор ја казни американската компанија Meta Paltforms со 18,6 милиони долари

49

Турскиот регулатор за конкуренција денеска објави дека ја казни американската компанија Мета Платформс, сопственик на Фејсбук, со 346,72 милиони лири (18,63 милиони долари) поради кршење на законите за конкуренција.

Турската Комисија за конкуренција утврди дека Мета ги попречува своите конкуренти на пазарите за социјално вмрежување и онлајн рекламирање бидејќи комбинира податоци за корисници собрани од Facebook, Instagram и WhatsApp, се вели во соопштението, пренесува Reuters.

Казната е изречена врз основа на годишниот приход на компанијата во 2021 година.