Турскиот туризам годинава очекува 12 милијарди долари загуба

15

Antalya

Турските претставници од туристичкиот сектор велат дека 2016 ќе биде полоша од предвиденото “најлошо можно сценарио” и дека е можно загубата на приходите да стигне до 12 милијарди долари, пишува Хуријет.

Според претставниците на секторот, значителното намалување на бројот на руски туристи, најверојатно ќе влијае и на другите сектори, како на пример земјоделството, и ќе ја зголеми стапката на невработеност во земјата. Шефот на Комората за трговија и индустрија во Анталија, Давут Четин очекува освен пад на бројот на руски туристи, значителен пад да има и во бројот на туристи од Европа, особено од Германија. Четин само во Анталија очекува скратување на 80.000 – 100.000 работни места.

Турците очекуваат оваа година популарни дестинации да бидат Шпанија и Грција.