Турскиот туризам може да профитира од Брегзит

34

Експертите очекуваат Брегзит да има позитивно влијание врз турскиот туризам бидејќи тоа ќе ги комплицира процедурите за британските посетители кои сакаат да патуваат во земјите на Европската унија, објави турскиот весник Dünya.

За британските туристи, Брегзит значи поскапо патување со авион, виза, чекање во ред за контрола на пасош, помалку бенефиции за здравствено осигурување и дополнителни трошоци за патничко осигурување.

Сето тоа ќе влијае на изборот на британски туристи во корист на земјите што не се членки на ЕУ.

Бројот на британски туристи во Турција веќе се зголеми во последниве години како резултат на поволните  all – inclusive цени за странците. Тие претежно престојуваат на југозападно крајбрежје, како и Анталија, медитерански туристички град на турската ривиера кој стана една од главните туристички дестинации во Турција со луксузни хотели, терени за голф, трговски центри и стотици историски знаменитости и километарски песочни плажи.

Фото: Facebook