Турските недвижности сè попопуларни кај странските купувачи: Коj најмногу купува

116

Турскиот завод за статистика (TUİK) објави податоци за продажба на станови за февруари годинава, според кои продажбата на станови на странци во таа земја е зголемена за дури 54,9 отсто на годишно ниво.

Во Турција во февруари се продадени 97.587 станови. Бројот на продадени станбени објекти во февруари е зголемен за 10,5 отсто во однос на јануари и за 20,1 отсто во однос на истиот месец лани, пишува trt.net.tr.

Во Турција во февруари се продадени 4.591 станови на странци. Продажбата на станови на странци во февруари е зголемена за дури 54,9 отсто на годишно ниво.

Најмногу станови во февруари се продадени во Истанбул, 1.958 станбени единици. Продадени се 1.099 станови во Анталија и 288 во Анкара.

Во февруари иранските државјани купиле 711 станови, Ирачаните 633, а руските државјани 509 станови, објавија турските медиуми.