Турција е во разговори со американската енергетска компанија ExxonMobil за договор за купување на течен природен гас (TPG) вреден повеќе милијарди долари, рече министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Турција бара да изгради „ново портфолио за снабдување“ што ќе ја направи помалку зависна од кој било партнер, рече турскиот министер. Турција ќе обезбеди до 2,5 милиони тони TPG годишно преку долгорочен договор што се разгледува со ExxonMobil, рече Бајрактар, додавајќи дека договорот може да трае една деценија, објави Hurriyet Daily.
Бајрактар рече дека сè уште се разгледуваат комерцијалните услови од договорот со американската компанија. Минатата година Турција увезе 5 милиони тони ТПГ од САД, рече Бајрактар.
Анкара сака да го „диверзифицира“ снабдувањето со природен гас пред истекот на некои долгорочни договори со Русија во 2025 година и оние со Иран следната година, истакна Бајрактар. Русија, која е најголемиот снабдувач на Турција со природен гас и нафта, ја гради првата нуклеарна централа во земјата, Акуја, на брегот на Средоземното Море.
Русија, како и Јужна Кореја имаат „сериозен интерес“ за сличен нуклеарен проект во Црното Море, изјави Бајрактар за „Фајненшл тајмс“. Тој, исто така, најави дека Турција може да започне со истражување на нафта во Црното Море подоцна оваа година, како и дека може да увезува природен гас од Азербејџан и Иран покрај Русија.