Турција е најсигурниот партнер на Русија во гасниот сектор

12

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Турција е најсигурниот партнер на Русија во гасниот сектор.

Во интервју за телевизискиот канал „Россија 1“ тој истакна дека Турција станала таква откако Германија го намалила увозот на руски гас. Тој смета дека Турција успеа да стане сигурен партнер на Русија со гасоводот Турски тек.

Путин за неколку недели треба да ја посети Турција каде ќе се сретне со претседателот на оваа земја Реџеп Таип Ердоган.

Според дипломатски извори, таа посета требаше да се случи на 12 февруари, но е продолжена на барање на руската страна поради претстојните избори во двете земји.