
Годишната стапка на инфлација во Турција падна во јуни осми месец по ред, на 38,2 отсто од 39,6 отсто во мај, објави турскиот статистички институт „Туркстат“.
Пазарите очекуваа јунска инфлација од 39,47 проценти и сега е најниска од декември 2021 година.
Годишната базична инфлација во Турција се зголеми на 47,3 отсто во јуни од 46,6 отсто во мај.
Во јуни е забележан побавен раст на цените на становите и комуналните услуги за 14,8 отсто во однос на мајските 20,7 отсто, превозот за 21,0 отсто во однос на мајските 23,7 отсто, како и во здравството за 65,7 отсто наспроти 66, 9 отсто колку што беше забележано во мај.
Во јуни цените на храната скокнаа за 54,0 отсто на годишно ниво, а цените во областа на рекреацијата и културата – за 43,0 отсто.











