
Бројот на посети на Турција во првите седум месеци од 2023 година достигна нов рекорд со вкупно 30.093.446 пристигнувања, јавува Anadolu.
Според податоците на Министерството за култура и туризам на Република Турција, во првите седум месеци оваа земја ја посетиле повеќе од 26 милиони странци, а повеќе од три милиони турски државјани кои престојуваат надвор од државата.
Во периодот од јануари до јули годинава, бројот на странци кои пристигнале во Турција, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,22 отсто.
Најголем број посети на Турција оствариле државјани на Русија, од кои повеќе од три милиони дошле во оваа земја, што е за 59,22 отсто повеќе во однос на истиот период лани.
На второ место е Германија со околу три милиони посети и пораст од 7,32 отсто во однос на истиот период лани, додека на трето место е Велика Британија, а потоа следат Бугарија и Иран.
Така, Турција во наведениот период оствари рекорден број посети, наспроти бројката од 2019 година, која изнесуваше 26.524.000.
Само во јули Турција ја посетиле 7,1 милион луѓе, што е за 7,25 отсто повеќе отколку во седмиот месец од минатата година. Во тој месец најмногу посетиле граѓаните на Германија, потоа Русија и Велика Британија, а потоа следат Полска и Бугарија.











