Турците, Србите и Грците најбројни странски туристи во Македонија

23
Македонија во јануари годинава била најмногу посетена од турски, српски и грчки туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2024 година изнесува 47. 761, од кои 40.4 % се домашни туристи, а 59.6 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јануари 2024 година изнесува 102 079, од кои 48.4 % се од домашните туристи, a 51.6 % од странските туристи.
Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 15.2 %.
Бројот на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 3.0 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за11.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 %.
Најголем број на странски туристи доаѓаат од Турција 5.503, Србија 3.298 и Грција 3.242 туристи.