Туш мора да реструктуира 400 милиони евра долг

53

tus-market-maribor

Словенечкиот трговски ланец Туш започна преговори со банките за превентивно реструктуирање на 400 милиони евра долг, кои би требало да се завршат до јули. Во случај на неуспех на преговорите, уште следната година може да се соочи со инсолвентност, пишува љубљански Дневник, пренесува Бизнис.хр.

Доколку не успее договорот, банките се подготвени да ги отповикаат веќе дадените кредити, што би довело до распродажба на имотот на Туш. На договор мора да се согласат три четвртини од банките доверители на Туш, а меѓу нив се Абанка, Хипо банка, СИД банка, Горењска банка и НЛБ.

Бизнис империјата на некогаш најбогатиот Словенец Мирко Туш, последно реструктуирање спроведе во 2011 година.

Туш бележи лоши финансиски резултати, а минатата година имаше пад на приходите за 10%.