Туш што ќе ви заштеди 30.000 чаши вода годишно

33

kickstarter

Фото: Kickstarter

Livin Shower е вид на туш што ќе ви каже точно кога да почнете да се туширате штом вашата идеална температура биде постигната.

Треба само да ја инсталирате мобилната апликација и да дадете наредба за прилагодување на вашата идеална температура на водата. Туширањето можете да го паузирате со само еден клик, а кога ќе завршите со тушот и да проверите колку вода сте искористиле, колкава била температурата на водата и колку време сте поминале под туш. Мобилната апликација ќе ви овозможи да ја слушате и вашата омилена музика во меѓувреме.

Livin Shower ќе ви заштеди вода, но и ќе го намали непотребното прскање со тушот. Алгоритмот што ќе го користи овој туш е програмиран да го најде најкраткото време за температурата да се постигне и да се намали непотребно трошење вода. На овој начин ќе заштедите околу 7.000 литри вода годишно или околу 30.000 чаши вода.

Livin Shower има своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter и досега има собрано 56.065 долари од потребните 100.000 долари. Кампањата трае уште 30 дена.