Тутунски комбинат од Прилеп ланската година ја заврши со загуба од 65.880.000 денари, покажува финансискиот извештај за 2016 година, објавен на Македонска берза.
На крајот на 2015 година, компанијата прикажа добивка од 8.428.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, изнесуваа 922.651.000 денари. Од тој износ, 316.473.000 денари отпаѓаат на домашен пазар, додека поголемиот дел од 606.178.000 денари е остварен на странски пазари.
Основна дејност на компанијата е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија.