Тутунски комбинат од Прилеп во првите три месеци од оваа година работеше со загуба од 58.485.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – март 2016 година, загубата на компанијата беше на ниво од 57.464.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на крајот на првиот квартал од 2017 година изнесуваа 35.155.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 53.932.000 денари.
Главна дејност на Тутунски комбинат од Прилеп е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија и други апликации.