Tuuu Liberia – Книжарница во која книгите имаат вредност, но не и цена

82

bg_libros_libres

Tuuu Liberia е единствена книжарница во светот, каде што секоја книга има своја вредност, но не и цена. Сместена во шпанската престолнина, книжарницата им нуди можност на сите вљубеници во пишаниот збор да ги разгледаат понудените книги и сами да ја утврдат нивната цена.

tuuu-libreria_7580424

“Целта на овој проект е да се олесни пристапот до читањето за сите оние кои сакаат да го направат тоа. Дел од средствата од продажбата се наменети за помош на училиштата во Мадрид и низ Латинска Америка“, стои на официјалната страница на книжарницата.

Книжарницата нуди голем избор на класични дела, криминалистички и љубовни романи, книги од областа на личниот развој и мотивација, четива за деца, стрипови… Единствени два жанра што не може да се најдат во оваа книжарница се учебници и енциклопедии, поради тоа што нивната содржина брзо се менува во однос на модерниот начин на едукација.

Equipo_Tuuu_Librería_Madrid

Во Tuuu Liberia се ангажирани 25 волонтери, кои се задолжени за делење совети на сите оние кои сакаат да купат книга за себе или за подарок. Во оваа книжарница нема други правила освен едно што строго се почитува, а тоа е дека на секоја книга мора да има печат Yooou, за да се спречи натамошна продажба на тие книги.

Tuuu Liberia е сегмент на невладината организација Yooou, која успеа да обезбеди книги за 20-тина институции, училишта, болници и домови на пензионери ширум Шпанија. Со парите собрани од активностите на оваа невладина организација досега се изградени шест библиотеки во Никарагва, Перу, Доминиканска Република и Боливија. Освен тоа, 89 деца од овие простори добиле стипендии со кои им се овозможи да се образуваат.

Tuuu-librería (1)