
Твитер се заканува дека ќе поднесе тужба против Мета поради новата платформа Threads, обвинувајќи ги за регрутирање поранешни вработени кои ја создале плагијатната апликација, пишува Daily Mail.
– Твитер има намера да ја заштити својата интелектуална сопственост и бара Мета веднаш да престане да користи какви било многу доверливи информации на Твитер – напиша адвокатот на компанијата Твитер Алекс Спиро.
Социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск се закани со правна постапка истиот ден кога Мета ги лансираше Threads.
Креаторот на Мета, Марк Цукерберг, го направи Threads ривал на Твитер, а само првиот ден имаше 30 милиони регистрирани.
Спиро го обвини Мета дека вработил десетици поранешни вработени во Твитер „кои имале и имаат пристап до трговските тајни и другите доверливи информации на Твитер“. Тој тврди дека ова е кршење на државните и федералните закони и дека поранешните вработени сè уште имаат валидна обврска кон Твитер.
Фото: Facebook











