Твитер сепак ја разгледува понудата на Маск

36

Твитер ја разгледува понудата на Илон Маск да ја купи компанијата за 43 милијарди долари, објави Волстрит.

Според неименувани извори на Волстрит, директорите на Твитер ќе се сретнат со Маск за да разговараат за понудата.

Претходно Твитер донесе одлука за таканаречената „отровна пилула“ за да го спречи Маск да ја купи компанијата.

Сепак, според Волстрит, челниците на компанијата решиле да ја преиспитаат понудата откако Маск објавил дека обезбедил 46,5 милијарди долари за преземање на гигантот.