Twitter го прогласи денот на укинување на ропството за неработен ден

79

Извршниот директор и коосновач на Тwitter, Џек Дорси објави дека во иднина, 19 јуни, денот кога се обележува Juneteenth укинувањето на ропството во САД, ќе биде неработен ден за неговите две компании Twitter и Square.

Тој ден ќе го посветиме на “славење, учење и поврзување“, додаде тој во објавата на Twitter.

Соопштението доаѓа откако Соединетите држави ги тресе бран протести против расизмот и полициското насилство, по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец, задушен пред две недели од бел полицаец.

На 19 јуни 1865 година, генералот Гордон Гранџер прочита проглас за ослободување на Афроамериканските робови во Тексас, последната сојузна држава што го укина ропството по завршувањето на Граѓанската војна.

Juneteenth (името потекнува од комбинацијата на англиските зборови јуни и деветнаесетти) веќе беше празник во Тексас и во повеќето држави.

Фото: Facebook