Twitter забранува политички кампањи на социјалната мрежа

49

Џек Дорси, извршниот директор на Twitter изјави дека од следниот месец нема да бидат дозволени политички реклами на социјалната мрежа на глобално ниво.

Според него, таквите пораки треба да се заслужат. Од друга страна пак, ривалот Facebook ќе дозволи политичка содржина на медиумот, пишува BBC.

“Во една демократска држава не е во ред приватните компании да цензурираат политичари или вести“, вели Цукерберг во одбрана на одлуката.

Twitter ќе ги забрани политичките содржини од 22-ri ноември, а на 15-ти ќе ги изнесе деталите од одлуката.

Рекламите што поддржуваат регистрација на гласачи нема да бидат забранети.

Фото: Pexels