TypeCase – тастатура што помага на луѓе со визуелни и моторни потешкотии лесно да пишуваат

65

TypeCase е тастатура што им овозможува на луѓето со визуелни и моторни попречености лесно да пишуваат. Дело е на продукт дизајнерот Даги Ман, а функционира кога ќе се поврзе со смартфон преку специјална футрола.

Тастатурата има пет копчиња, со коишто можат да се напишат сите букви, преку нивна комбинација, пишува Designboom.

Четири од нив се на долната лева страна додека едно е на десниот агол горе и се управува со палецот. На тој начин на тастатурата може да се пишува и без гледање и со само една рака.

Корисниците ќе треба само да меморираат како различни гестови со раката се совпаѓаат со азбуката.

Тастатурата-футрола, работи преку bluetooth и може да се стави на секаков паметен уред. Не е потребно користење на дополнителна апликација или софтвер.

Фото: Dougie Mann