Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини креираше пловечки дом којшто наликува на вселенско летало. U.F.O 1.2 има дијаметар од 12,5 метри и вклучува два дела за престој, над вода и под вода.
Првиот има палуба за сончање и место предвидено за зеленчукова градина и џакузи на самиот врв. Горниот дел ќе се поврзува со подводниот простор каде што ќе бидат сместени бања и спална, пишува Designboom
Во внатрешноста на објектот ќе има батерии, резервоари за вода и специјални тегови коишто ќе го држат U.F.O 1.2 “на место“. Домот на вода ќе има и систем за десалинација, односно отсолување на водата, а првата ваква градба се очекува да биде комплетирана во 2021.
Благодарение на мноштвото батерии и системите на сончева енергија U.F.O 1.2 ќе биде комплетно самоодржлив и автономен.
Фото Pierpaolo Lazzarini