Уапсен украински хакер, ги изнудувал Apple за 50 милиони долари

63

Претставници на американското Министерство за правда уапсија украински хакер во Полска, кој бил вклучен во кражба на цртежи за лаптопот MacBook Pro со процесор M1 Max и поради изнуда на Apple од 50 милиони долари.

Јарослав Васински беше приведен претходно оваа година заедно со хакер од групата REvil. Тие упаднале во мрежата на Apple и ги украле цртежите на новиот MacBook Pro, објави MacRumors. Во април, REvil исто така ја хакираше Quanta, еден од клучните партнери на Apple.

Хакерите пронајдоа цртежи за MacBook Pro со чипови M1 Pro и M1 Max, кои Apple ги претстави оваа есен. Благодарение на нив медиумите дознаа некои детали за лаптопите, како на пример дека Apple ќе ја зголеми големината на екранот.

Хакерот од REvil побарал 50 милиони долари од Apple за преостанатите цртежи на сè уште неоткриените производи. Неколку дена подоцна, тој ги отстрани сите документи и барања поврзани со Apple од неговата веб-страница.

Во јули, хакери упаднаа во компанијата за корпоративен софтвер Kaseya. За да го направат ова, тие користеа вирус за откуп. Американското Министерство за правда тврди дека и Васински бил вмешан во нападот на Kaseya.

Васински е уапсен во Полска. Тој сега чека екстрадиција во САД, каде му се заканува затворска казна до 115 години.

ФБИ објави и дека го бара вториот член на сајбер бандата REvil, Русинот Евгениј Полјанин. Тој е обвинет дека незаконски примил 13 милиони долари како резултат на повеќе од 3.000 хакерски напади врз компјутери на американски компании.

Во САД му се заканува затворска казна до 145 години.