Uber бара менаџер во Србија, вработува и во Хрватска

41

uber

Такси сервисот Uber кој направи вистински бум во светот и предизвика протести на таксистите во повеќе земји, распиша конкурс за позицијата генерален менаџер во Србија, што е потврда дека компанијата влегува во нашето соседство. Од кандидатите се очекува поддршка при лансирање на локалната верзија на овој сервис, управување со правни и регулаторни работи, но и претставување на Uber во медиумите, пишува Нетокрација.рс.

Uber бара менаџер и во Хрватска. Компанијата во Загреб освен генерален менаџер бара и менаџер за операции и логистика, пишува Нетокрација.хр.