Uber Copter – летечка услуга на Uber од следниот месец

26

Од следниот месец, Uber ќе започне да ја промовира својата услуга Uber Copter. Првите летови со хеликоптер ќе бидат во Њујорк и ќе се закажуваат преку апликација на компанијата.

Летот ќе биде од Менхетен до интернационалниот аеродром Кенеди и се очекува да трае осум минути. Планот на Uber е да ја спроведе оваа летечка такси услуга и во други градови, но засега пристап до неа ќе имаат само Platinum и Diamond членови од програмата за лојалност Uber Rewards.

Превозот ќе може да се закаже на барање или пет дена однапред од понеделник до петок, пишува New York Times. Хеликоптерот ќе биде со капацитет за пет луѓе, а штом местата ќе се резервираат, патниците ќе добијат мејл од Uber за дозвола.

Цените ќе се движат од 200 до 225 долари од човек, a максималниот дозволен товар што патниците ќе можат да го понесат ќе биде 18 килограми.

Фото: Facebook