Uber доби една милијарда долари од Toyota, Denso и фондот SoftBank Vision

23

Американската компанија за превоз, Uber доби околу една милијарда долари, пишува Reuters.

Станува збор за инвестиции од страна на јапонскиот производител на автомобили, Toyota, добавувачот за автомобилски делови, Denso, и фондот SoftBank Vision. Одлуката за инвестиции во Uber, според Toyota, е донесена за да се забрза развојот и комерцијализацијата на услугите за споделување на превоз со високо автоматизирани возила.

Toyota и Denso заедно ќе инвестираат 667 милиони долари, додека фондот Soft Bank Vision остатокот од 333 милиони долари, со што вредност на новиот бизнис на Uber ќе достигне 7,25 милијарди долари.

Toyota претходно вложи 500 милиони долари во Uber, а сега порачуваат дека новата инвестиција и проширување на партнерството ќе ја “подготви компанијата и целата автомобилска индустрија за масовно производство и комерцијализација на автоматизирани автомобили наменети за заеднички превоз и соодветни услуги“.

Јапонскиот производител на автомобили планира во следните три години да вложи дополнителни 300 милиони долари.