За да им се покаже благодарност на сите здравствени работници за сето она што го прават веќе два месеци од појавата на пандемијата и да им се олесни секојдневното одење на работа, Uber во Хрватска донира 2.000 бесплатни возења, пишува Zimo.dnevnik.hr.
Донацијата, како што се наведува, е продолжение на соработката меѓу Uber и тамошното министерство за здравство, бидејќи на здравствените работници досега во рамки на програмата UberMedics на располагање им беше попустот од 20%, а сега и овие 2.000 возења ќе може да се искористат бесплатно.
“Извонредните медицински сестри, лекари и персонал во болниците работат фантастична работа на првата линија на борбата со оваа криза и сите во Uber сакаме да им се заблагодариме за натчовечките напори што ги вложуваат. Се надеваме дека на овој начин – преку превоз, ќе можеме барем малку да им помогнеме со оглед на тоа што неуморно работат и дење и ноќе“, вели Дара Косровшаги, извршен директор на Uber.
Бесплатното возење може да го користат сите вработени во болниците што се вклучени во програмата UberMedics.
Фото: Pixabay