Uber достапен и во Сплит и Дубровник

26

Croatia_uberX-Launch_blog_960x480_r1

Глобалниот сервис за превоз од втори мај е достапен во Сплит и Дубровник, стои на Uber Newsroom.

“Направивме голем чекор по кој нашата услуга ќе биде достапна на национално ниво во Хрватска – ја започнуваме услугата uberX во Сплит и Дубровник. На тој начин хрватското крајбрежје ќе биде попривлечно за милиони туристи кои ја посетуваат нашата земја за да можат да уживаат во едно од најубавите места во светот“, велат од Uber.

uberX во Сплит ќе биде достапен во текот на целата година, а во Дубровник во екот на сезоната од јуни до октомври. Овој американски старт – ап во Хрватска е достапен од октомври минатата година.

Стартната цена на Uber за Сплит и Дубровник е 1,20 евра, цената по километар е 0,67 евра, додека цената по минута е 0,06 евра. Uber постави и фиксни цени за дестинации што се почести на хрватското крајбрежје, па така релацијата Сплит – Дубровник од 228 километри ќе чини 200 евра.