Uber го купува Drizly за над милијарда долари

43

Uber соопшти дека ја купува компанијата за достава на алкохолни пијалаци, Drizly, а трансакцијата во вредност од 1,1 милијарда долари ќе биде реализирана во акции и готовина.

По завршување на трансакцијата, пазарот на Drizly ќе биде интегрирано со апликацијата Uber Eats. Компанијата ќе ја задржи и самостојната апликација Drizly, пренесува CNBC.

Основан во 2012 година, Drizly е водечки сервис во САД за достава на алкохолни пијалаци и е достапен во 1.400 градови.

Uber Eats, којшто е сервис за достава на храна, е клучниот сегмент на бизнисот на Uber во време на пандемија.

Drizly неодамна објави дека во изминатата година има раст од над 300%.

Инвеститорите го поздравија потегот на Uber, па сите негови акции на Wall Street пораснаа за околу 8%.

Фото: Twitter