Uber ја купува компанијата за електрични велосипеди Jump

23

Фото: Jump

Корисниците на Uber од целиот свет наскоро ќе можат да изнајмуваат електрични велосипеди преку апликацијата, откако компанијата ја купи фирмата за нивно производство Jump, пишува  BBC.

Jump чиешто седиште е во Њујорк, овозможува велосипедистите да изнајмат велосипеди со електричен погон на педали преку онлајн платформа.

Бизнисот со изнајмување на е-велосипеди е во значителен пораст и се проценува дека ќе вреди помеѓу 3,6 и 5,3 милијарди евра до 2020 година. Намерата на Uber, којшто веќе има воспоставено соработка со Jump во Сан Франциско, е да ја распространи мрежата на глобално ниво.

Користењето на велосипедите е едноставно, се лоцираат и отклучуваат со паметни телефони и користат вградена брава со којашто се обезбедуваат кога не се возат.

Jump Bikes е основан во 2008 година и во почетокот функционираше во 40 градови во шест земји.

Изнајмените е-велосипеди, коишто минатата година беа преставени во Вашингтон, чинат 2 долари за првиот половина час, а потоа 7 центи за секоја минута.