Uber го купува бизнисот на Cornershop, онлајн старт – ап за испорака на храна којшто најмногу доминира на пазарот во Јужна Америка.
Ова е уште еден чекор Uber на обезбеди приход од повеќе извори, односно да го прошири својот бизнис, пишува CNBC.
Зделката треба да биде комплетирана на почетокот на 2020 година. Според договорот, Cornershop ќе има автономност во донесување на одлуки, но ќе треба да го известува одборот каде најголем дел ќе бидат претставници од Uber.
Стартапот за испорака на храна моментално оперира во Чиле, Мексико, Перу и Торонто.
Uber со ова планира да го зацврсти своето присуство во Јужна Америка, каде што е забележан пад на бизнисот за 24%. Компанијата за споделување на превоз сака да се разликува од својот ривал Lyft и тоа го постигнува со различниот тип на бизниси под своја капа, како испорака на храна и шпедитерски услуги.
Акциите на Uber забележаа пад од 34% во последните три месеци, со што и пазарната капитализација падна на 49 од 76 милиони регистрирани во мај.
Фото: Facebook