Uber ќе “исфрла“ патници кои имаат лош рејтинг

22

Платформата за споделување на превоз, Uber веќе некое време исклучува возачи со лош рејтинг. Сега тоа правило ќе биде применето и за патниците чиешто однесување не е соодветно со прописите на компанијата.

Правилото веќе се применува во Австралија, Нов Зеланд и Индија, а целта е да се обезбеди што поквалитетна и сигурна услуга. Патниците кои нема да го исполнат минимумот повеќе нема да можат да ги користат услугите на Uber, пишува Mashable.

Сепак, од компанијата велат дека прво ќе биде испратена опомена, а доколку истата не се почитува ќе следи исклучување. Оставањето на отпадоци, користење на вулгарен и агресивен јазик, принудување на возачите да брзаат или да не почитуваат сообраќајни знаци строго ќе се казнуваат.

Со ова Uber сака да стави до знаење што се очекува од секој корисник на платформата без разлика дали станува збор за транспорт, изнајмување на возила или испорака од ресторани.

Фото: Facebook