Uber ќе отвора логистички центар во Бугарија

27

uber

Американската компанија Uber, која по решение на Комисијата за заштита на конкуренција времено запре со активностите во Бугарија, ќе гради свој логистички центар во оваа земја, пишува софиски Дневник.

Според бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски, проектот веќе е сертифициран од Бугарската агенција за инвестиции, а ограничувањата за активноста не пречат Uber да развива логистички услуги, бидејќи “Бугарија е многу популарна аутсорсинг дестинација”.

Uber во Бугарија влезе во 2014 година, а минатата година Комисијата за заштита на конкуренција го обвини за нелојална конкуренција и забрани да работи.