Uber ќе “таксира” по Босфорот

21

istanbul

Технолошката такси компанија Uber е подготвена да носи патници преку Босфорот со такси на вода. Сервисот наречен UberBOAT ќе се појавува на апликацијата за мобилни кога корисникот ќе биде во близина на брегот.

Од Uber соопштуваат дека UberBOAT ќе ја лансираат во соработка со луксузната поморска транспортна компанија Navette-Tezman Holding. Апликацијата ќе им овозможи на корисниците на повик да добијат приватен брз чамец за патување по Босфор, пишува Хуријет.

UberBOAT ќе биде интегрирана во Uber апликацијата и може да се користи на ист начин како и другите услуги, со плаќање според далечината.

Бротчињата ќе имаат капацитет од седум до 10 лица, а корисниците на таксито на вода ќе можат да ја поделат цената на патувањето помеѓу себе.