Uber почна со работа во Романија

43

uber

Американската компанија Uber минатата недела официјално влезе на романскиот пазар со лансирање на апликацијата UberX во Букурешт, пишува Romania insider.

Uber е многу популарна платформа во западните земји, каде што класичните такси услуги се многу скапи. Останува да се види колку Uber ќе биде успешен во Романија, земја каде возењето со такси е прилично евтино.

Една од главните предности на оваа апликација е тоа што на возачите не треба да им се плаќа во готово или да им се дава бакшиш, туку апликацијата симнува пари директно од картицата на корисникот на услугата.

Uber во моментов е достапен во повеќе од 200 градови низ светот.