Uber со загуба од над милијарда долари во третиот квартал

47

Американската компанија за превоз, Uber ја намали загубата во третиот квартал со раст на побарувачката на услуги за достава во услови на пандемија.

Во период од јули до септември, Uber оствари нето загуба од 1,1 милијарда долари. Загубата е помала и во однос на истиот период лани, кога врз резултатот на Uber влијаеа големите трошоци и инвестиции.

Приходите на Uber за три месеци се намалија за 18% на 3,1 милијарда долари.

Како компензација за тоа се приходите во одделот за достава во висина од 1,45 милијарди долари, што е највисок износ од моментот кога Uber почна да ја дава таа услуга.

Потрошувачите и по намалување на рестриктивните мерки нарачуваат храна преку Uber Eats, а се очекува тој тренд да продолжи и понатаму.

Бруто вредноста на резервации за превоз закрепна од силниот пад во април, но е 50% пониска во однос на истиот период лани.

Фото: Freepik