Uber во Њујорк воведува превоз со хеликоптер

25

Американската компанија за превоз, Uber на жителите на Њујорк им дава можност да го избегнат сообраќајниот метеж и да патуваат до аеродромот John F. Kennedy со хеликоптер.

Од следната недела, Uber Copter ќе биде достапен за летови од долен Менхетен. Летот ќе трае околу осум минути и ќе чини од 200 до 225 долари по лице, а ќе биде вклучен и превозот на копно.

Инаку аеродромот John F. Kennedy е еден од најголемите аеродроми во САД и поради големиот сообраќаен метеж во Менхетен до него се стигнува за два часа, а со јавен превоз од 50 до 75 минти.

Компанијата планира до 2023 година да воведе воздушен превоз во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн.

Фото: Pixabay