Uber во Загреб нуди возење со детско седиште

17

uber-facebook

Фото: Facebook

Корисниците на Uber во Загреб имаат можност да си порачаат превоз со возило опремено со детско седиште, пишува Вечерњи лист.

Услугата им е достапна на сите корисници кои преку апликацијата, откако ќе ја изберат крајната дестинација, може да ја одберат и опцијата за детско седиште во возилото. Со детски седишта ќе бидат опремени 90 возила во рамки на услугата UberSelect, а од Uber велат дека се избрани нови и комфорни возила коишто ќе ги возат најдобро оценувани возачи.

“Безбедноста за нас е исклучително важна, затоа континуирано работиме и настојуваме да ја унапредиме и да ја направиме подостапна за нашите корисници. Тоа е причината поради којашто ја започнавме новата услуга со воведување детски седишта… Од сега сите корисници на Uber, кои сакаат со своето дете да отидат во градинка, училиште, парк или до центарот на градот, ќе може преку апликацијата да ја одберат опцијата за детско седиште и возилото со такво седиште ќе дојде до нив“, вели Давор Тремац, генерален директор на Uber за југоисточна Европа.

Овој американска компанија за превоз на патници ги користи Recaro young sport black детските седишта, коишто ги имаат стандардите на Европска унија, а се погодни за деца од девет до 36 килограми, односно од девет месеци до 12 години.