Фото: Pixabay
Жителите на Лондон, кои ги користат услугите на Uber, ќе мора да платат дополнителни 0,19 долари по километар, поради новиот план на компанијата за чист воздух – Clean air plan, пишува The Verge.
Овој дополнителен износ на средства ќе биде наменет за промена на возниот парк на возачите на Uber. Односно, нивните возила што користат фосилни горива, да ги заменат со еколошки и електрични.
Планот на Uber е сите автомобили во Лондон до 2025 година да биде целосно електрични.
Едно просечно патување во Лондон е околу три километри, така што возачите треба да платат дополнителни 0,58 долари за секое возење.