UberBoat од следната недела во Хрватска

19

uber

Фото: YouTube

Од следната недела, од 26 јуни, во Хрватска стартува услугата нарачување морски превоз преку апликацијата UberBoat. Корисниците на оваа апликација на компанијата Uber во Сплит, Хвар и Дубровник ќе можат да нарачаат глисер од копно кон островите и обратно, пишува Нетокрација.

Возењето од Хвар до Сплит или обратно, на глисер за до осум лица ќе чини 350 евра. Возење со глисер до 12 патници ќе чини 445 евра.

Uber ќе нуди и наем на глисер за полудневна или целодневна авантура, а цените ќе зависат од поминатата километража и траењето на авантурата. Корисниците сами ќе можат да го одредат планот на патувањето, а глисерот ќе биде со нив цело време. Од компанијата нагласуваат дека патувањето завршува на местото на тргнување и тоа истиот ден. Новата услуга не нуди можност преноќување на глисерот или наем без капетан и морнар.