UberEATS – апликација на Uber за брза достава на храна

124

UberEATS

Американскиот такси сервис Uber го проширува својот бизнис, овој пат во брза испорака на храна преку посебна апликација – UberEATS.

Uber ги одбра улиците на Торонто за да го направи својот експеримент за испорака на храна. Компанијата ќе понуди комплетни менија од над 100 ресторани во Торонто, иако засега има само кратка листа на продукти што може да бидат испорачани за помалку од 10 минути, пишува The Star.

“Го лансиравме UberEATS пред седум месеци во Торонто и одѕивот на клиентите е неверојатен. Тие ја обожаваат оваа апликација, па беше природно да започне за прв пат да се користи апликацијата токму во овој град“, изјави Боуви Чеунг, генерален менаџер на UberEATS за Торонто.

uber eats

Жителите на овој канадски град наскоро ќе може да порачуваат храна во период од 10 часот наутро до 22 часот навечер, седум дена во неделата. Засега, UberEATS во Торонто е достапен од 11 часот наутро до 14 часот напладне.

Апликацијата UberEATS ја користат и жителите на: Остин, Атланта, Чикаго, Далас, Хјустон, Лос Анџелес, Њујорк, Париз, Сан Франциско, Сиетл и Вашингтон ДС.