Убоди од инсекти… како да ги спречите?

37

osi

Фото: Pixabay

Пчелите, осите, комарците и крлежите пренесуваат заразни болести и можат да бидат причина за алергиски реакции.

Оток и болка

Најчести реакции на убодите на овие инсекти се отокот и болката, а подоцна се јавува послаб или посилен јадеж.

Најпрво, местото на убодот треба да се излади и да се извади осилото. Кај оние луѓе кои се алергични на отровот од овие инсекти, можна е и многу појака реакција со многу полоши последици и затоа е потребно постојано да се носат препишаните лекови.

Сите инсекти напаѓаат во самоодбрана, што значи дека не треба да ги бркате. Останете мирни додека самите не се оддалечат и не правете нагли движења со рацете или разни помагала.

Доколку забележите крлеж на кожата, внимателно и полека отстранете го со пинцета, без непотребни движења. Ако притоа остане главата, нема потреба од страв. Заразните болести се пренесуваат преку бактериите во цревата.

Потоа дезинфицирајте го местото на убодот.

Мерки на заштита

Кога сте веќе во природа, одберете отворен простор и добро прегледајте го местото каде што сакате да седнете.

Одбегнувајте лежење на трева, места што се близу до дрвја и темни лисја. Ранците и торбите не ги оставајте директно на земја и држете ги затворени. Не користете јаки парфеми и со себе понесете средства против инсекти.